Благослов на семејства и домовите

Заедно со Светите Тајни воспоставени од Исус Христос, црковната традиција воспостави благослови за Божја помош во животот и заштита од влијанието на злите духови.

Меѓу бројните благослови е и традицијата на пасторални посети на домовите и семејствата на верниците со јорданска вода. Оваа практика потекнува од Нашиот Господ Исус Христос. Од Светото Писмо знаеме дека самиот Исус Христос ги посетувал домови и семејства. Бидејќи тоа го правеше Христос, Црквата ги охрабрува свештениците да ги посетуваат домовите на своите парохјани.

Да се покани и прими свештеник во домот е универзално (јавно) признание за верата во Исус Христос и нечија припадност на одредена парохија, епархија и универзалната Црква Христова. Затоа, од благодарност за верата Христова и светата Црква, правете го тоа искрено и јавно.

Што е важно христијаните да знаат за благословот со јодранската вода и посетата на нашите домови од страна на свештеник?

Пасторалните посети или посетата на свештеник (пастир) на своите верници (парохјани) со благослов со јорданската вода е добар обичај на нашата Црква за лична средба и запознавање на верниците со нивниот свештеник-пастир.

Ваквите посети се случуваат во периодот после Богојавление. За да може свештеникот да дојде и да го благослови вашиот дом, мора да се пријавите во црквата или лично да закажете средба со свештеникот.

Посетата на свештеникот ги вклучува следните моменти: заедничка молитва, поросување и благсолов на целата куќа или дел од неа (по желба на семејството) со света вода и разговор со свештеникот. Ова е посебна можност за верниците да го прашаат свештеникот сè што ги загрижува или што е нејасно во однос на верата, моралот или животот на Црквата. А за свештеникот ова е можност да дознае повеќе за семејството, за неговите потреби, за тоа дали семејството живее христијански: во мир со соседите, дали сите се крстени, дали се венчани во црква, дали присуствуваат на неделните богослужби итн.

Добро е кога молитвата се одвива во дневната соба, а не на влезот или ходникот. На масата или пред иконата се пали кандило свеќа, а сите присутни во куќата учествуваат во заедничка молитва.

Свештеникот кој доаѓа во вашата куќа да ја благослови, го симболизира доаѓањето на самиот Исус Христос, затоа треба да се подготвите за ова доаѓање и да го сфатите сериозно, бидејќи самиот Исус им вели на апостолите: „ Кој ве прима вас, Ме прима Мене“ (Матеј 10, 40), а исто така: „И во која куќа влезете, прво кажете: »Мир на таа куќа!« 6. Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на него; ако ли не, тој ќе се врати во вас“ (Лука 10,5-6).

Со поросувањето и благословот со јорданската вода се врши очистување на куќата и на секој што живее во неа од секакво зло со силата на Исус Христос, силата на Господовиот Крст и заедничката искрена молитва.

Јорданската вода добива посебна моќ од изворот на сета сила – Исус Христос, кој ги освети спуштајќи се во јорданските води. Слично, денес, секоја вода осветена од свештеник за времето на Богојавление добива посебна сила да ги изгонува ѓаволските напади и да ги заштити домовите и луѓето од секакво зло и секој грев.

Присуството на свештеник во вашиот дом е исто така добра можност да се заблагодарите за парохиската служба. Она што е важно да се знае свештеникот не доаѓа во вашиот дом заради пари, туку за да ги благослови вашите домови, а ниту еден благослов, ниту една света Тајна не може да се купи со пари! Добро е кога христијаните земаат активно учество во животот на Црквата и материјално поддржуваат различни парохиски иницијативи. За време на посетата на свештеникот за време на благословот на домот можете да научите од свештеникот за потребите на парохијата и за кои конкретни работи можете да помогнете или во кои проекти да учествувате.

Присуството на свештеник во вашиот дом и вашата заедничка молитва нека бидат можност за приближување до Господа и Светата Христова Црква!