Елеопомазание на болни
Една од светите Тајни, која луѓето најмногу ја избегнуваат е елеопомазанието на болните – Света Тајна која е наменета за болните и оние на умирање. Многу е важно исправно да се сфати оваа света Тајна како би можеле и правилно да постапуваме со своите болни, но и кога самите ќе бидеме болни за да знаеме како верници што треба да направиме.
Библиски корени на светата Тајна елеопомазание на болните
Во Стариот завет болеста многу често се сметала како казна за гревовите и како проклетство. Болниот се сметал за грешник кој ги исплатува своите гревови или пак се верувало дека човек може да биде казнет со болест и поради гревовите на своите претци. Таквиот став Исус изрично го отфрла.
Но пророците забележуваат дека болеста би можела да има некаква спасителна улога: преку болеста Бог сака да нѐ донесе до некои поголеми вредности, како и преку болеста човекот да може да се прочисти, да се посвети, да се зближи со Бог, да се покае за своите гревои и да ја заживее својата вера и да ја зацврсти.
Во Новиот завет јасно се гледа дека Исус со големо внимание и љубов пристапува кон болните и многумина од нив оздравува. И на апостолите им заповедува да лекуваат болни. Исус оздравува со допир, но и на „далечина“, без физички конткат со болниот.
Покрај полагањето на раце, апостолите користеле и помазание со елеј (Марко 6,3). Сведоштво дека оваа света Тајна е од Исус Христос, сведочи апостол Јаков, кој во своето послание вели: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат“ (Јаков 5,14-15).
Овој текст од Божјото слово преку апостолот Јаков е упатено и до нас и е причина да веруваме дека оваа света Тајна е дадена од Исус, кој самиот делува, како и во останатите Свети Тајни.
Кој може и треба да прими елеопомазание на болните?
Оваа света Тајна може да ја прими секој болен христијани, кој со вера ќе ја побара од Црквата. Може да ја примаат и деца, кои можат да сфатат дека оваа света Тајна може да им биде поткрепа. Може да се подели и на оние болни, кои ја изгубиле свеста или употребата на разумот, но со претпоставка, кога би биле при свест дека и самите би побарале да ја примат. Некогаш семејството намерно чека болниот да ја изгуи свеста, бидејќи знаат дека никогаш не би поскал да ја прими оваа света Тајна. Причините за тоа можат да бидат најразлични, но најчесто е недоволното познавање на оваа света Тајна.
Затоа е многу важно да се разговара со болниот додека уште е при здрав разум и свест и да му се предоложи оваа спасоносна света Тајна. Во секој случај треба да имаме директно или барем премолчано одобрение од болниот за да ја прими оваа света Тајна.
Членовите на семејството на болниот треба да се погрижат оваа света тајна болниот или старото лице да ја прими додека е уште при свест. Исто така се препорачува и целото семејство да биде присутно и да учествува во молитвите при делењето на оваа света Тајна, освен во моментот додека трае исповедта.
Многу е тажна нехристијанската пракса на болниот да му се зборува за доѓање на свештеник за да прими елеопомазание. Меѓу луѓето владее непознавање за оваа света Тајна, имено за да не се исплаши болниот или да не помисли дека домашните сакаат побрзо да умре. Таквите размислување се погрешни. Поради тоа се случува бројни луѓе да се болни со месеци и години без да ја примаат оваа света Тајна, без молитва на Црквата, без Господ. Тоа е голем пропуст за секое христијанско семејство кое се грижи за болен во својот дом. Да го отпишеме болниот од светите Тајни и Божјата милост и тоа кога му е најпотребна. Сѐ му овозможуваме на болниот: лекови, медицинска нега, само ја затвораме вратата за Господ и неговата милост!. Зарем имаме право на тоа!? Многумина и умираат без да се помират со Господ. За тоа сносиме одговорност!
Како би се чувствувал болниот кој сака свештеник (да претпставиме дека не може да каже), а неговото семејство никогаш не го прашало дали сака да се исповеда, да се причести или да прими елеопомазание на болните. Се плашам дека многу луѓе умираат копнеејќи кон овие свети Тајни, а нивните семејства не им овозможиле поради непознавање или поради некој неоправдан страв и обѕир. Да не го дозволуваме тоа. Залудни се лековите и медицинската гржа ако душата чезнее за Бог. Да се понуди на болниот елеопомазние, исповед и причест значи да се покаже најголемата можна љубов, бидејќи во светата Тајна ни доаѓа самиот Бог.
Со внимание да им објасниме на нашите болни дека Бог сега им е потребен, многу повеќе од било кога, дека Бог може да даде сила. Да ги охрабриме болните да не се плашат од доаѓањето на свештеникот, бидејќи тој не доаѓа да моли за смрт, за да умре, туку за сила, трпение, да може да ги поднесува болките и евентуално за оздравување. Подготовката на болниот за примање на оваа семејство е првенствено на оние кои се грижат за болниот. Ако е потребно нека се советуваат и со свештеникот, како да го направат тоа. Секако и свештеникот кога ќе дојде во домот на болниот, ќе го поздрави, охрабри, ќе му даде подршка и ќе му објасни за смислата на елеопомазанието на болни…
Кога и колку пати може да се прими оваа света Тајна?
Елеопомазание на болните не е само за оние кои се во последните моменти од својот живот, кои умираат. Оваа света Тајна првенствено е предвидена за тешко болните, потоа за посериозни операции, но и за очигледна старосна немоќ. Дури на последно место е умирањето. Значи ова не е „последно помазание“, како што мислат многумина, туку „елеопомазание на болните“. Не секој што е посериозно болен и умира.
Не постои бројчано ограничување за примање на ова света тајна. Елеопомазание на болните може да се повтори, ако болниот кој веќе еднаш примил, па оздравел, а по некое време настапи некоја нова болест. Во текот на истата болест, светата Тајна може да повтори ако настапи влошување на здравствената состојба.
Зошто е потребно да се прими оваа света Тајна
Во секоја света Тајна делува Исус Христос. Светите Тајни се средства преку кои Бог ни ја дава својата милост, да ни бидат од корист, за благослов и помош. Со светата Тајна елеопомазание на болните се прима потпора, мир, охрабрување, доверба во Бог или со еден збор оздравување на душата. Секако дека се моли и за оздравување на телото, за ослободување од болеста. Во сето тоа му препуштаме на Бог да направи онака како е најдобро за човекот. Доколку е Божја волја, болниот ќе оздрави, а доколку е дојден неговиот час да замине од овој свет, тогаш секако дека молиме за оздравување на душата, за подготвено заминување во вечноста и што е најважно помирени со Бог. Доколку болниот не е во состојба да се исповеда, преку оваа света Тајна добива и простување на гревовите, бидејќи свети апостол Јаков вели: „Гревови, ако направил, ќе му се простат“. Доколку болниот е во состојба да се исповеди, тоа треба да го направи пред да биде елеопомазан, а потоа да прими и света Причест.
Погрешно е да се мислењето дека за примање на оваа Света Тајна треба човек да е на умирње. Доволно е внимателно да се процени сериозната природа на болеста. Светата Тајна може да се повтори ако болното лице оздрави по помазанието, но повторно се разболи, или ако, за време на истата болест, состојбата на лицето стане посериозна. Црквата истот ака препорачува елеопомазание на болни да прими верникот кој е пред операција кога причина за интервенцијата е опасна болест.
Ако познавате некој кој е болен и има потреба од помазание, ве молиме контактирајте нѐ!
