Погреб
Погребот се пријавува во парохија на починатото лице, односно каде тоа лице имало вистинско живеалиште, односно каде во последниот период живеело повеќе од три месеци. Откако ќе се договори погребот со погребалните установи, контактирајте нѐ за да се договориме за црковниот дел од погребот.
Погребот секогаш е итен случај и можете слободно да се јавите во било кое време од денот.
Ве молиме за разбирање, бидејќи поради обврски можеби на телефонскиот број нема веднаш да ви се јават, но сигурно дека во најскоро можен период ќе ви се возврати на телефонскиот повик. Доколку поминат неколку часа обидете се повоторно.
Покојниот треба да се запише во парохиската матичната книга на умрените. Затоа ве молиме подгответе ги следните податоци од починатиот: Име и презиме, датум и место на смрт, датум и место на раѓање, дали примил пред смртта света тајна Елеопомазание на болните, Исповед и Причест, име и презиме на брачниот другар, име и презиме на татко, име и презиме на мајка, адреса на живеење и причината за смрт, односно копија од Потврдата за смрт и лекарски извештај за причината за смртта, која ја издава здравствена установа. Во оваа потврда се содржани повеќето потребни информации.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
