Прва причест
Првата Света Причест е посебен момент на децата во нивниот христијански живот, односно тоа е моментот кога на возраст од околу 10 години за првпат пристапуваат на евхаристиската трпеза и во причеста го примаат Телото и Крвта Христови.
Исус вели: „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него“ (Иван 6:,6) Првата причест е вистински празник на целото семејство и парохиската заедница и е можност да се обноват крштелните ветувања. Во нашата парохија, тоа го правиме секоја година по завршетокот на учебната година. Со ова света Тајна е поврзана и Првата Света исповед, која претходи на Првата Причест.
За да може детето да прими Прва Света Причест потребно е да биде крстено и да посетува одредено време веронаука наменета за првопричесниците. Доколку детето не е крстено,потребно е претходно да се крсти.
Веронауката за подготовка за Прва Причест се одржуваат еднаш неделно во просториите на парохијата. За подетални информации обратете се во парохиската канцеларија или на телефонскиот број 078 375 144.
