Доколку сте нов во парохијата​

Бог ги создал луѓето да не живеат сами, туку во заедништво со Црквата. Парохијата е заедница на мажи и жени, млади и стари, богати и сиромашни, во која сите сме поканети да се придружиме за да патуваме заедно кон светоста, кон Господ.

Светите Тајни се средиштето на нашата вера и духовниот живот, но во парохијата има и бројни активности кои ни помагаат секојдневно да растеме во нашата вера. Веруваме дека секој парохијанин може да си го најде своето место и улога во неа . Истражете ја нашата страница и пронајдете каде можете да се вклучите.